свест
Само во еднина.
Значење на свест:
1. Способност на човекот да мисли, да расудува за објективниот свет, да ја восприема стварноста. Развиена свест.
2. Сознание, разумен пристап во осознавањето на предметите и на општествените појави, и во определувањето на својот личен однос кон нив. Општествена свест. Граѓанска свест. Политичка свест.Свест за одговорност во работата.
3. Нормална состојба на сетилата за реагирање и на разумот за сфаќање и дејствување. Изгубил свест. При полна свест го направил тоа.
Членувана форма: свеста.
Оригинални податоци:
свест, свеста (само едн.) ж. 1. Способност на човекот да мисли, да расудува за објективниот свет, да ја восприема стварноста. Развиена свест. 2. Сознание, разумен пристап во осознавањето на предметите и на општествените појави, и во определувањето на својот личен однос кон нив. Општествена свест. Граѓанска свест. Политичка свест.Свест за одговорност во работата. 3. Нормална состојба на сетилата за реагирање и на разумот за сфаќање и дејствување. Изгубил свест. При полна свест го направил тоа.