свет 1

Именка, машки род

Значење на свет:

1. Целокупната материјална стварност, Земјата со сè што суштествува на неа; вселена, универзум. Настанок на светот. Пропаст на светот. Страни на светот. Го прошета светот.

2. Луѓе; човечки род, човештвото. Цел свет излегол на улица. Се собра многу свет. Светот за него зборува сешто.

3. Животот на луѓето, општествената стварност; век 4. Современ свет. Се измени светот.

4. Определен, одделен дел од човештвото според некакви карактеристики. Научен свет. Деловен свет. Женскиот свет. Прогресивен свет. Свет на музиката. Филмски свет.

5. Определен, посебен дел од живите суштества во природата. Растителен свет. Светот на животните. Морски свет. Дивиот свет.

Множина: света, светови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мал е светот - сè се дознава. Бел свет – целиот свет. Ќе оди и на крај на светот – сè ќе направи. Два света – сосема различни. Дојде на свет – се роди, се појави. Замина на оној свет – умре, почине.

Оригинални податоци:

свет1, мн. светови, избр. мн. света м. 1. Целокупната материјална стварност, Земјата со сè што суштествува на неа; вселена, универзум. Настанок на светот. Пропаст на светот. Страни на светот. Го прошета светот. 2. Луѓе; човечки род, човештвото. Цел свет излегол на улица. Се собра многу свет. Светот за него зборува сешто. 3. Животот на луѓето, општествената стварност; сп. век 4. Современ свет. Се измени светот. 4. Определен, одделен дел од човештвото според некакви карактеристики. Научен свет. Деловен свет. Женскиот свет. Прогресивен свет. Свет на музиката. Филмски свет. 5. Определен, посебен дел од живите суштества во природата. Растителен свет. Светот на животните. Морски свет. Дивиот свет. ◊ Мал е светот - сè се дознава. Бел свет – целиот свет. Ќе оди и на крај на светот – сè ќе направи. Два света – сосема различни. Дојде на свет – се роди, се појави. Замина на оној свет – умре, почине.