свети 2

Глагол, несвршен

Црковен термин.

Значење на свети:

Со религиозни обреди и молитви подложува на осветување вода, масло и сл. Сите светеа вода во куќите за големиот празник. Попот светеше масло за болниот.

Коњугација: светат.

Изведени зборови:

  • светење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ќе му свети масло – ќе го убие. Е, не, ќе ти светам масло – нема да ти држам чест, напротив, ќе си го добиеш.

Оригинални податоци:

свети2, светат несв. (црков.) Со религиозни обреди и молитви подложува на осветување вода, масло и сл. Сите светеа вода во куќите за големиот празник. Попот светеше масло за болниот. ◊ Ќе му свети масло – ќе го убие. Е, не, ќе ти светам масло – нема да ти држам чест, напротив, ќе си го добиеш. ‖ глаг. им. светење ср.