светка

Глагол, несвршен

Значење на светка:

1. (само во 3 л.) За молња, молскавица – блеска со силна заслепувачка светлина; сека, молска. Во далечината светкаа молскавици. Се стемни, светкаше некое време, а потоа силно заврна.

2. За очи – блеска, сјае од силни чувства (љубов, гнев и сл.). Додека зборуваше за него, очите ѝ светкаа како жарчиња. Очите му светкаа од лутина. Омразата им светкаше од очите.

3. Свети со треперлива светлина. Капките роса светкаа во тревата. Светкаа ѕвездите на ведрото летно небо.

Коњугација: светкаат.

Изведени зборови:

  • светкање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

светка, светкаат несв. 1. (само во 3 л.) За молња, молскавица – блеска со силна заслепувачка светлина; сека, молска. Во далечината светкаа молскавици. Се стемни, светкаше некое време, а потоа силно заврна. 2. За очи – блеска, сјае од силни чувства (љубов, гнев и сл.). Додека зборуваше за него, очите ѝ светкаа како жарчиња. Очите му светкаа од лутина. Омразата им светкаше од очите. 3. Свети со треперлива светлина. Капките роса светкаа во тревата. Светкаа ѕвездите на ведрото летно небо. ‖ глаг. им. светкање ср.