светлина

Именка, женски род

Значење на светлина:

1. Енергија што ја испушта некое тело и го прави видлив околниот свет. Сончева светлина. Светлина од Месечината. Светлината од батеријата откри маж и жена.

2. Светлост карактеристична за еден дел од деноноќието. Утринска светлина. Дневна светлина. Светлина в зори.

3. Место од каде што излегува светлина, осветлено место. Се приближи до светлината. Светлината во далечината одеднаш се изгуби.

4. Осветлено место на уметничка слика, на снимка и сл. Сликата беше сликана во контраст светлина наспроти темнина.

5. Сјај, блесок на очите предизвикан од силни пријатни чувства. Нејзината среќа беше видлива, беше озарена од светлина. Одеднаш се појави светлина во неговите очи.

6. (ретко) Направа за осветлување, извор на осветлување; светилка. Ја изгасна светлината.

7. (прен.) Симбол, олицетворение на вистината, разумот, напредокот, просветата и сл. Тој е светлина на своето време.

Множина: светлини.

Изведени зборови:

  • светлинка, и. ж. мн. светлинки , светлинче, мн. светлинчиња ср. дем. и хип.
  • светлински, прид. светлинскиот Светлинска енергија.

Фразеолошки израз / поговорка:

Фрли нова светлина – даде ново толкување, објаснување. Во вистинска светлина – претстави вистинито, реално. Во поинаква светлина – од нова, непозната страна; од нов пристап кон работите.

Оригинални податоци:

светлина, мн. светлини ж. 1. Енергија што ја испушта некое тело и го прави видлив околниот свет. Сончева светлина. Светлина од Месечината. Светлината од батеријата откри маж и жена. 2. Светлост карактеристична за еден дел од деноноќието. Утринска светлина. Дневна светлина. Светлина в зори. 3. Место од каде што излегува светлина, осветлено место. Се приближи до светлината. Светлината во далечината одеднаш се изгуби. 4. Осветлено место на уметничка слика, на снимка и сл. Сликата беше сликана во контраст светлина наспроти темнина. 5. Сјај, блесок на очите предизвикан од силни пријатни чувства. Нејзината среќа беше видлива, беше озарена од светлина. Одеднаш се појави светлина во неговите очи. 6. (ретко) Направа за осветлување, извор на осветлување; светилка. Ја изгасна светлината. 7. (прен.) Симбол, олицетворение на вистината, разумот, напредокот, просветата и сл. Тој е светлина на своето време. ◊ Фрли нова светлина – даде ново толкување, објаснување. Во вистинска светлина – претстави вистинито, реално. Во поинаква светлина – од нова, непозната страна; од нов пристап кон работите. ‖ светлинка, мн. светлинки ж., светлинче, мн. светлинчиња ср. дем. и хип. ‖ светлински, светлинскиот прид. Светлинска енергија.