светлост
Само во еднина.
Значење на светлост:
1. светлина. Бледа светлост. Светлост на денот. Зрак светлост. Трепереше светлоста во мракот. Светлоста на огнот му го откриваше лицето.
2. (истор., само едн.) За титулирање на лица од висок ранг во општеството (кнез, гроф и сл.), обично во состав со заменка (ваш, негов). Ваша светлост.
Членувана форма: светлоста.
Оригинални податоци:
светлост, светлоста (само едн.) ж. 1. сп. светлина. Бледа светлост. Светлост на денот. Зрак светлост. Трепереше светлоста во мракот. Светлоста на огнот му го откриваше лицето. 2. (истор., само едн.) За титулирање на лица од висок ранг во општеството (кнез, гроф и сл.), обично во состав со заменка (ваш, негов). Ваша светлост.