светне

Глагол, свршен

Значење на светне:

1. Испушти, излачи светлина еднаш или повеќе пати краткотрајно. Сонцето силно светна неколку пати, но не се проби низ густите облаци. Светна месечината во ноќта. Фрлената цигара светна на плочникот.

2. Направи некому да се гледа со извор на светлина (свеќа, ламба); осветли. Му светна со запалката за да го побара клучот. Светни ми со телефонот.

3. (прен.) За лице, очи, поглед – блесне од силни позитивни чувства. Очите му светнаа кога ја виде. Ја чу веста и нејзиното лице светна.

4. (прен.) Исчисти темелно до совршенство. Таа се пресели кај нив и веднаш ја светна куќата.

5. (само во 3 л.) За молскавица – молсне, блесне. Светна неколку пати, изгледа ќе врне.

6. (прен.) Удри силно одеднаш. Му светна една преку лицето.

Конјугација: (ќе) светнеа , (ќе) светнев , (ќе) светнел, светнаа , светнав , светнал , светнат , светнат , светнете , светни .

Изведени зборови:

  • светнува, глаг. несв. светнуваат
  • светнување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ми (ти, ѝ, ни, ви, им) светна – текне нешто, дојде мисла.

Оригинални податоци:

светне, светнат; светни, светнете; светнав, светнаа; светнал; светнат; (ќе) светнев, (ќе) светнеа; (ќе) светнел св. 1. Испушти, излачи светлина еднаш или повеќе пати краткотрајно. Сонцето силно светна неколку пати, но не се проби низ густите облаци. Светна месечината во ноќта. Фрлената цигара светна на плочникот. 2. Направи некому да се гледа со извор на светлина (свеќа, ламба); осветли. Му светна со запалката за да го побара клучот. Светни ми со телефонот. 3. (прен.) За лице, очи, поглед – блесне од силни позитивни чувства. Очите му светнаа кога ја виде. Ја чу веста и нејзиното лице светна. 4. (прен.) Исчисти темелно до совршенство. Таа се пресели кај нив и веднаш ја светна куќата. 5. (само во 3 л.) За молскавица – молсне, блесне. Светна неколку пати, изгледа ќе врне. 6. (прен.) Удри силно одеднаш. Му светна една преку лицето. ◊ Ми (ти, ѝ, ни, ви, им) светна – текне нешто, дојде мисла. ‖ светнува, светнуваат несв. ‖ глаг. им. светнување ср.