светол
Значење на светол:
1. Што испушта силна светлина; јасен, сјаен. Светло сонце. Светла месечина.
2. Што е добро осветлен, исполнет со светлина. Светла просторија. Светла кујна.
3. Што има бледа нијанса на некоја боја, што има боја слична на белата. Светли панталони. Светла кошула.
4. Што е чист, јасен, без примеси; проѕирен, висок. Светла морска вода. Светол глас.
5. Што е среќен, радосен, надежен. Светла иднина. Светли мигови.
6. Што изразува среќа, радост. Светло лице. Светол поглед.
7. (прен.) Што е бистар, прониклив; остроумен. Светол ум. Светли мисли. Светли идеи.
8. При обраќање кон лица или институции од висок ранг. – Светол царе! – Светол суде!
Членувана форма: светлиот.
Алтернативно: светли
Фразеолошки израз / поговорка:
Светло ти (ви) око (лице) – при прво обраќање кон лица чиј близок се вратил во домот по подолго отсуство, обично од војска, болница, затвор и сл.
Оригинални податоци:
светол, светли (во обраќање), светлиот прид. 1. Што испушта силна светлина; јасен, сјаен. Светло сонце. Светла месечина. 2. Што е добро осветлен, исполнет со светлина. Светла просторија. Светла кујна. 3. Што има бледа нијанса на некоја боја, што има боја слична на белата. Светли панталони. Светла кошула. 4. Што е чист, јасен, без примеси; проѕирен, висок. Светла морска вода. Светол глас. 5. Што е среќен, радосен, надежен. Светла иднина. Светли мигови. 6. Што изразува среќа, радост. Светло лице. Светол поглед. 7. (прен.) Што е бистар, прониклив; остроумен. Светол ум. Светли мисли. Светли идеи. 8. При обраќање кон лица или институции од висок ранг. – Светол царе! – Светол суде! ◊ Светло ти (ви) око (лице) – при прво обраќање кон лица чиј близок се вратил во домот по подолго отсуство, обично од војска, болница, затвор и сл.