свие
Значење на свие:
1. Придаде на нешто полукружна форма; наклони, наведне нешто надолу. Со силните раце ковачот лесно го сви железото. Песот ја сви опашката и со квичење замина. Ветрот ги сви младите и кревки гранки на јаболкницата во дворот.
2. За дел од телото ‒ изврти, искриви. Стражарот брзо му ги сви рацете на затвореникот одзади и му ги стави лисиците.
3. Завие, завитка нешто во некаква форма. Младиот човек ја сви картата и се упати кон местото. Продавачката го сви весникот како фишек и во него ги стави костените.
4. Обвие нешто околу некого; состави. Тој ги сви рацете околу вратот на девојката.
5. За птици ‒ направи, создаде гнездо. Напролет во напуштената куќа свија седело за да ги изведат своите малечки.
6. (прен.) Обземе, опфати, исполни некого некое чувство (тага, непријатно чувство и сл.). Неизмерна тага и болка ја сви мајката и лицето како да ѝ потемне, снагата ѝ се скрши.
7. Измени правец, скршне од патот. а) Некој или нешто што е во движење. Девојката сви зад аголот, не свртувајќи се по чекорите што ја следеа. Колата сви во тесната уличка и им се изгуби од видикот. б) За пат. Малата козја патека ненадејно сви кон долината.
8. (само во 3 л.) Добие грчеви, болки во некој дел од телото, обично стомак, грб и сл. Одеднаш ме сви стомакот. Грбот толку го сви што не можеше да се исправи.
Коњугација: (ќе) свиев , (ќе) свиеја , (ќе) свиел , свив , свиен, свиј , свија , свијат , свијте , свил .
Изведени зборови:
- свивање, глаг. им. ср.
- (се) свива, глаг. несв. (се) свиваат
- се ~ свие, 1. Се искриви, се згрбави. Тој се сви малку во грбот, се залепи до стаклото и гледаше во шините. Ми се сви ногата кога паднав на мразот. 2. За дрвја, гранки и сл. ‒ се наведне од ветер, снег и сл. Дрвјата се свија од силниот ветар. Младите брези се свија од тежината на снегот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Свие гнездо ‒ создаде семејство. Свие опашка ‒ стане поскромен, се покори, се предаде.
Оригинални податоци:
свие, свијат; свиј, свијте; свив, свија; свил; (ќе) свиев, (ќе) свиеја; (ќе) свиел; свиен св. 1. Придаде на нешто полукружна форма; наклони, наведне нешто надолу. Со силните раце ковачот лесно го сви железото. Песот ја сви опашката и со квичење замина. Ветрот ги сви младите и кревки гранки на јаболкницата во дворот. 2. За дел од телото ‒ изврти, искриви. Стражарот брзо му ги сви рацете на затвореникот одзади и му ги стави лисиците. 3. Завие, завитка нешто во некаква форма. Младиот човек ја сви картата и се упати кон местото. Продавачката го сви весникот како фишек и во него ги стави костените. 4. Обвие нешто околу некого; состави. Тој ги сви рацете околу вратот на девојката. 5. За птици ‒ направи, создаде гнездо. Напролет во напуштената куќа свија седело за да ги изведат своите малечки. 6. (прен.) Обземе, опфати, исполни некого некое чувство (тага, непријатно чувство и сл.). Неизмерна тага и болка ја сви мајката и лицето како да ѝ потемне, снагата ѝ се скрши. 7. Измени правец, скршне од патот. а) Некој или нешто што е во движење. Девојката сви зад аголот, не свртувајќи се по чекорите што ја следеа. Колата сви во тесната уличка и им се изгуби од видикот. б) За пат. Малата козја патека ненадејно сви кон долината. 8. (само во 3 л.) Добие грчеви, болки во некој дел од телото, обично стомак, грб и сл. Одеднаш ме сви стомакот. Грбот толку го сви што не можеше да се исправи. ● се ~ 1. Се искриви, се згрбави. Тој се сви малку во грбот, се залепи до стаклото и гледаше во шините. Ми се сви ногата кога паднав на мразот. 2. За дрвја, гранки и сл. ‒ се наведне од ветер, снег и сл. Дрвјата се свија од силниот ветар. Младите брези се свија од тежината на снегот. ◊ Свие гнездо ‒ создаде семејство. Свие опашка ‒ стане поскромен, се покори, се предаде. ‖ (се) свива, (се) свиваат несв. ‖ глаг. им. свивање ср.