свила

Именка, женски род

Значење на свила:

1. Конец, влакно произведено од кожурецот свилена буба. Точи свила.

2. Ткаенина од конецот производ на свилената буба. Природна свила. Тешка свила за вечерни фустани.

3. Ткаенина што личи на свила добиена по вештачки пат. Вештачка свила.

4. (прен.) Тоа што прилега на свила по своите својства или надворешен изглед. Немаше коса, туку свила.

5. (бот.) Влакна на горниот дел од кочанот на пченката. Пченкарна свила.

Множина: свили.

Фразеолошки израз / поговорка:

Патот на свилата ‒ трговски пат по кој се транспортирала свилата од Кина во Европа. Живее во свила и во кадифе ‒ живее раскошно, богато. Му продава басма за свила ‒ мами, лаже.

Оригинални податоци:

свила, мн. свили ж. 1. Конец, влакно произведено од кожурецот свилена буба. Точи свила. 2. Ткаенина од конецот производ на свилената буба. Природна свила. Тешка свила за вечерни фустани. 3. Ткаенина што личи на свила добиена по вештачки пат. Вештачка свила. 4. (прен.) Тоа што прилега на свила по своите својства или надворешен изглед. Немаше коса, туку свила. 5. (бот.) Влакна на горниот дел од кочанот на пченката. Пченкарна свила. ◊ Патот на свилата ‒ трговски пат по кој се транспортирала свилата од Кина во Европа. Живее во свила и во кадифе ‒ живее раскошно, богато. Му продава басма за свила ‒ мами, лаже.