свилен

Придавка

Значење на свилен:

1. Што е направен од свила. Свилен фустан. Свилена марама. Свилено шамивче. Свилен конец.

2. (прен.) Што прилега на свила по своите својства, по својот изглед. Свилена коса.

3. (прен.) Што е мирен, кроток, мек, претерано физички осетлив. Свилен човек. Свилена опозиција.

Членувана форма: свилениот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Свилена буба (зоол.) ‒ пеперутка чијашто гасеница во фазата на кукла се обвиткува во кожурец од кој се добива свила; Bombyx mori.

Оригинални податоци:

свилен, свилениот прид. 1. Што е направен од свила. Свилен фустан. Свилена марама. Свилено шамивче. Свилен конец. 2. (прен.) Што прилега на свила по своите својства, по својот изглед. Свилена коса. 3. (прен.) Што е мирен, кроток, мек, претерано физички осетлив. Свилен човек. Свилена опозиција. ◊ Свилена буба (зоол.) ‒ пеперутка чијашто гасеница во фазата на кукла се обвиткува во кожурец од кој се добива свила; Bombyx mori.