свиња
Значење на свиња:
1. (зоол.) Домашно животно, цицач со куси нозе и масивно тело, кое се одгледува за добивање месо, сало, кожа, четина и др.; Suc domestica.
2. (разг., пејор.) Нечист, валкан, неуреден човек. Свињи ниедни, за вас бил бел чаршаф на маса.
3. (прен., пејор.) Долен, морално пропаднат човек. Го знам што свиња е. Себична свиња.
Множина: свињи.
Изведени зборови:
- свинче, и. ср. мн. свинчиња -- свињче, мн. свињчиња дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Најдобрите дињи ги јадат свињи (добрите круши свињите ги јадат) ‒ најдоброто го добива тој што не го заслужил. За свиња не е диња, та и за тебе политика ‒ неук, прост човек не се разбира од работи што се над неговото ниво. Дива свиња ‒ (зоол.) Suc scrofa.
Оригинални податоци:
свиња, мн. свињи ж. 1. (зоол.) Домашно животно, цицач со куси нозе и масивно тело, кое се одгледува за добивање месо, сало, кожа, четина и др.; Suc domestica. 2. (разг., пејор.) Нечист, валкан, неуреден човек. Свињи ниедни, за вас бил бел чаршаф на маса. 3. (прен., пејор.) Долен, морално пропаднат човек. Го знам што свиња е. Себична свиња. ◊ Најдобрите дињи ги јадат свињи (добрите круши свињите ги јадат) ‒ најдоброто го добива тој што не го заслужил. За свиња не е диња, та и за тебе политика ‒ неук, прост човек не се разбира од работи што се над неговото ниво. Дива свиња ‒ (зоол.) Suc scrofa. ‖ свинче, мн. свинчиња / свињче, мн. свињчиња ср. дем.