свински
Значење на свински:
1. Што се однесува на свиња. Свинска кочина.
2. Што е од свиња. Свинско месо. Свинска кожа.
3. (прен., разг., пејор.) Што личи на свиња, таков како на свиња. Тој имаше ситни свински очи. Неговата свинска муцка јадеше сè.
4. (разг.) Низок, долен, неморален. Свински постапки.
5. Како им. ср. Ручаа свинско со расол. Купи и свинско и телешко.
Членувана форма: свинскиот , свињскиот.
Алтернативно: свињски
Фразеолошки израз / поговорка:
На свински стриг ‒ никогаш.
Оригинални податоци:
свински, свинскиот и свињски, свињскиот прид. 1. Што се однесува на свиња. Свинска кочина. 2. Што е од свиња. Свинско месо. Свинска кожа. 3. (прен., разг., пејор.) Што личи на свиња, таков како на свиња. Тој имаше ситни свински очи. Неговата свинска муцка јадеше сè. 4. (разг.) Низок, долен, неморален. Свински постапки. 5. Како им. ср. Ручаа свинско со расол. Купи и свинско и телешко. ◊ На свински стриг ‒ никогаш.