свири

Глагол, несвршен

Значење на свири:

1. Исполнува мелодија на некој инструмент. Момчињата свиреа на електрични гитари. Тој свири на кларинет, а брат му на хармоника. Воениот оркестар свиреше свечен марш.

2. Испушта звук или изведува мелодии со уста. Тој мошне убаво свири со уста.

3. Со свиреж како сигнал означува, објавува нешто (за трубач во војска, сирена во фабрика, судија на натпревар, превозно средство итн.) Трубата секое утро свиреше будење во 5 часот. Малото бротче свиреше тргнување секое утро во девет часот. Автомобилите свиреа од сите страни, но тоа не ја расчистуваше мешаницата. Судијата свиреше пенал.

4. (прен.) а) За силен ветар ‒ фиука, фучи. Ветрот страшно свиреше во празните дворови и згаснатите огништа. б) За куршуми, гранати ‒ фрчи. Куршуми свиреа на сите страни, вистинска среќа беше што ниеден не го погоди.

Конјугација: свират.

Изведени зборови:

  • свирење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

свири, свират несв. 1. Исполнува мелодија на некој инструмент. Момчињата свиреа на електрични гитари. Тој свири на кларинет, а брат му на хармоника. Воениот оркестар свиреше свечен марш. 2. Испушта звук или изведува мелодии со уста. Тој мошне убаво свири со уста. 3. Со свиреж како сигнал означува, објавува нешто (за трубач во војска, сирена во фабрика, судија на натпревар, превозно средство итн.) Трубата секое утро свиреше будење во 5 часот. Малото бротче свиреше тргнување секое утро во девет часот. Автомобилите свиреа од сите страни, но тоа не ја расчистуваше мешаницата. Судијата свиреше пенал. 4. (прен.) а) За силен ветар ‒ фиука, фучи. Ветрот страшно свиреше во празните дворови и згаснатите огништа. б) За куршуми, гранати ‒ фрчи. Куршуми свиреа на сите страни, вистинска среќа беше што ниеден не го погоди. ‖ глаг. им. свирење ср.