свирка

Именка, женски род

Значење на свирка:

1. Мал инструмент на кој се свири со дување; примитивен детски инструмент. Му направи свирка од врба. Свирка од трска.

2. Инструмент што служи за давање сигнали ‒ на воз, брод и сл. Зад кривината се чу свирката на возот што влегуваше во тунелот.

3. (жарг.) Свирење на музички инструменти, музика, концерт. Приредуваа секоја вечер свирки на кејот. Нема свадба без свирка и песна. Свирки и песни одекнуваа цела ноќ. Жива свирка.

Множина: свирки.

Оригинални податоци:

свирка, мн. свирки ж. 1. Мал инструмент на кој се свири со дување; примитивен детски инструмент. Му направи свирка од врба. Свирка од трска. 2. Инструмент што служи за давање сигнали ‒ на воз, брод и сл. Зад кривината се чу свирката на возот што влегуваше во тунелот. 3. (жарг.) Свирење на музички инструменти, музика, концерт. Приредуваа секоја вечер свирки на кејот. Нема свадба без свирка и песна. Свирки и песни одекнуваа цела ноќ. Жива свирка.