свитка
Значење на свитка:
1. Придаде полукружна форма; свие Човекот полека ја свитка својата висока снага и седна. Таткото го откачи килимчето, го свитка и излезе без збор. Тој го свитка книвчето без да погледне што пишува во него.
2. Изврти, искриви; свие 2. Тој го зграпчи и му ја свитка раката на детето.
3. Завие едно нешто со друго во затворена форма. Тој го свитка набрзина скромниот подарок и тргна. Мајката брзо му свитка нешто за јадење на својот син. Старецот свитка нова цигара иако претходната уште не беше ја допушил.
4. (само во 3 л.) Добие грчеви, болки. Одеднаш стомакот го свитка силно и тој седна.
Конјугација: свиткаат.
Изведени зборови:
- свиткување, глаг. им. ср.
- се ~ свитка, 1. За човек или дел од телото: а) Се искриви. Децата ќе се свиткаа в постела, молчеа и слушаа. Девојчето се свитка под ќебето како клопче. б) Се згрбави. Годините сосема го свиткале. 2. Се наклони кон земјата. На силниот ветар дрвјата се свиткале доземи.
- (се) свиткува, глаг. несв. (се) свиткуваат
Оригинални податоци:
свитка, свиткаат св. 1. Придаде полукружна форма; сп. свие 1. Човекот полека ја свитка својата висока снага и седна. Таткото го откачи килимчето, го свитка и излезе без збор. Тој го свитка книвчето без да погледне што пишува во него. 2. Изврти, искриви; сп. свие 2. Тој го зграпчи и му ја свитка раката на детето. 3. Завие едно нешто со друго во затворена форма. Тој го свитка набрзина скромниот подарок и тргна. Мајката брзо му свитка нешто за јадење на својот син. Старецот свитка нова цигара иако претходната уште не беше ја допушил. 4. (само во 3 л.) Добие грчеви, болки. Одеднаш стомакот го свитка силно и тој седна. ● се ~ 1. За човек или дел од телото: а) Се искриви. Децата ќе се свиткаа в постела, молчеа и слушаа. Девојчето се свитка под ќебето како клопче. б) Се згрбави. Годините сосема го свиткале. 2. Се наклони кон земјата. На силниот ветар дрвјата се свиткале доземи. ‖ (се) свиткува, (се) свиткуваат несв. ‖ глаг. им. свиткување ср.