свлече

Глагол, свршен

Значење на свлече:

1. Со влечење симне некого или нешто од високо. Стражарите го свлекоа затвореникот долу во ќелијата без свест. Потоа тој полека го свлече мртвото тело во визбата.

2. Соблече, симне облека, соголи. Таа ја свлече кошулата и си легна. Дедото го свлече кожувчето и седна да вечера. Мајката го свлече детето за да го бања.

3. (прен.) Се ослободи од товар, тежина, проблем, тешкотија. Со тоа тој го свлече товарот од својот грб.

Коњугација: (ќе) свлечеа , (ќе) свлечев , (ќе) свлечел , свлекле , свлекоа , свлеков , свлекол , свлечат , свлечен, свлечете , свлечи .

Изведени зборови:

  • свлекување, глаг. им. ср. свлекување / свлечување
  • (се) свлекува, глаг. несв. (се) свлекуваат -- (се) свлечува, (се) свлечуваат
  • се ~ свлече, 1. Се симне од високо со влечење. Таа одвај со последните сили се свлече по скалите. 2. Се соблече, се соголи, остане без облека. Децата се свлекоа и си легнаа.

Оригинални податоци:

свлече, свлечат; свлечи, свлечете; свлеков, свлекоа; свлекол, свлекле; (ќе) свлечев, (ќе) свлечеа; (ќе) свлечел; свлечен св. 1. Со влечење симне некого или нешто од високо. Стражарите го свлекоа затвореникот долу во ќелијата без свест. Потоа тој полека го свлече мртвото тело во визбата. 2. Соблече, симне облека, соголи. Таа ја свлече кошулата и си легна. Дедото го свлече кожувчето и седна да вечера. Мајката го свлече детето за да го бања. 3. (прен.) Се ослободи од товар, тежина, проблем, тешкотија. Со тоа тој го свлече товарот од својот грб. ● се ~ 1. Се симне од високо со влечење. Таа одвај со последните сили се свлече по скалите. 2. Се соблече, се соголи, остане без облека. Децата се свлекоа и си легнаа. ‖ (се) свлекува, (се) свлекуваат / (се) свлечува, (се) свлечуваат несв. ‖ глаг. им. свлекување / свлечување ср.