свод
Значење на свод:
1. Обично во сали, храмови, мостови и сл. ‒ лак што соединува ѕидови, столбови и сл. Сводот на црквата беше зографисан. Сводовите на мостот беа изработени од камен. Сводот бил мозаик на златна основа.
2. (прен.) Небесната купола, небо. Небесен свод.
3. Отвор на ѕидот на воденицата низ кој поминува буката.
Множина: свода, сводови.
Оригинални податоци:
свод, мн. сводови, избр. мн. свода м. 1. Обично во сали, храмови, мостови и сл. ‒ лак што соединува ѕидови, столбови и сл. Сводот на црквата беше зографисан. Сводовите на мостот беа изработени од камен. Сводот бил мозаик на златна основа. 2. (прен.) Небесната купола, небо. Небесен свод. 3. Отвор на ѕидот на воденицата низ кој поминува буката.