своевремен

Придавка

Значење на своевремен:

Што се јавува или што се извршува навреме, кога е неопходно. Своевремена покана. Своевремена помош.

Членувана форма: своевремениот.

Изведени зборови:

  • своевремено, прил. 1. Навреме, навремено. Своевремено тој укажа дека ќе се случи ова што ни се случува денес. Своевремено го добил одговорот. 2. На времето, некогаш, во минатото. Своевремено таа била многу убава.
  • своевременост, и. ж.

Оригинални податоци:

своевремен, своевремениот прид. Што се јавува или што се извршува навреме, кога е неопходно. Своевремена покана. Своевремена помош. ‖ своевремено прил. 1. Навреме, навремено. Своевремено тој укажа дека ќе се случи ова што ни се случува денес. Своевремено го добил одговорот. 2. На времето, некогаш, во минатото. Своевремено таа била многу убава. ‖ своевременост ж.