свој
Значење на свој:
1. Што му припаѓа на вршителот на дејството; што се јавува како личен, сопствен. Тој има своја соба. Си има тој своја работа. Сите свои работи ги остави на туѓина. Таа има свој пород.
2. Што е во многу блиска роднинска врска. Ние сме си свои, сè ќе си кажеме. Се имаме како свои.
3. Како им. ср. Си го кажа своето. Го стори своето.
4. Што не паднал под туѓо влијание, доследен, верен на себеси, посебен, независен. И по долгиот престој во туѓина, остана свој.
Алтернативно: свое свои своја
Фразеолошки израз / поговорка:
За своја сметка ‒ за себе. На свој начин ‒ кој како умее. На своја глава (рака) ‒ како што знае и умее. Не умре со своја смрт ‒ умре со насилна смрт. Оди по својот пат ‒ оди како што му е судбината, како што му е предодредено. Тера по свое ‒ стои на своите позиции, мислење и сл. Се плаши за својата кожа ‒ се плаши за својот живот. Со свои зборови ‒ каже нешто така како што го доживува, како што го разбира. Виде (гледа) со свои очи ‒ 1. сведок е на нешто. 2. ги разбира работите на свој начин. Сега е свој човек ‒ сега е самостоен. Застана на свои нозе ‒ стане самостоен. Работи на своја рака ‒ 1. работи по свое наоѓање; 2. работи за своја корист, добивка. Сè во свое време ‒ кога ќе дојде моментот за остварување на нешто. Во свое време ‒ кога бил на сила, на власт, кога бил млад и сл.
Оригинални податоци:
свој, своја, свое, свои зам. прид. 1. Што му припаѓа на вршителот на дејството; што се јавува како личен, сопствен. Тој има своја соба. Си има тој своја работа. Сите свои работи ги остави на туѓина. Таа има свој пород. 2. Што е во многу блиска роднинска врска. Ние сме си свои, сè ќе си кажеме. Се имаме како свои. 3. Како им. ср. Си го кажа своето. Го стори своето. 4. Што не паднал под туѓо влијание, доследен, верен на себеси, посебен, независен. И по долгиот престој во туѓина, остана свој. ◊ За своја сметка ‒ за себе. На свој начин ‒ кој како умее. На своја глава (рака) ‒ како што знае и умее. Не умре со своја смрт ‒ умре со насилна смрт. Оди по својот пат ‒ оди како што му е судбината, како што му е предодредено. Тера по свое ‒ стои на своите позиции, мислење и сл. Се плаши за својата кожа ‒ се плаши за својот живот. Со свои зборови ‒ каже нешто така како што го доживува, како што го разбира. Виде (гледа) со свои очи ‒ 1. сведок е на нешто. 2. ги разбира работите на свој начин. Сега е свој човек ‒ сега е самостоен. Застана на свои нозе ‒ стане самостоен. Работи на своја рака ‒ 1. работи по свое наоѓање; 2. работи за своја корист, добивка. Сè во свое време ‒ кога ќе дојде моментот за остварување на нешто. Во свое време ‒ кога бил на сила, на власт, кога бил млад и сл.