сврели

Глагол, свршен

Значење на сврели:

Загрее, направи да стане врел, вжешти. Многу си ја сврелил водата.

Коњугација: сврелат.

Изведени зборови:

  • сврелување, глаг. им. ср.
  • се ~ сврели, 1. Стане врел. Водата се сврелила. Фати со крпа, лончето се сврелило. 2. (прен.) Се распали, се згорешти. Главите им се сврелиле.
  • (се) сврелува, глаг. (се) сврелуваат

Оригинални податоци:

сврели, сврелат св. Загрее, направи да стане врел, вжешти. Многу си ја сврелил водата. ● се ~ 1. Стане врел. Водата се сврелила. Фати со крпа, лончето се сврелило. 2. (прен.) Се распали, се згорешти. Главите им се сврелиле. ‖ (се) сврелува, (се) сврелуваат ‖ глаг. им. сврелување ср.