свршен

Придавка

Значење на свршен:

1. Глаголска придавка од сврши2. (грам.) Глаголски вид, глагол што изразува свршено дејство; вид2 3. Свршен глаголски вид.

2. Што е доведен до крај. По свршената работа седнаа да се почестат.

Членувана форма: свршениот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стави некого пред свршен чин ‒ доведе некого во ситуација да нема избор.

Оригинални податоци:

свршен, свршениот прид. 1. Глаг. прид. од сврши1. 2. (грам.) Глаголски вид, глагол што изразува свршено дејство; сп. вид2 3. Свршен глаголски вид. 3. Што е доведен до крај. По свршената работа седнаа да се почестат. ◊ Стави некого пред свршен чин ‒ доведе некого во ситуација да нема избор.