сврши 1
Значење на сврши:
1. Изврши, изработи, доведе нешто до крај. Тие ја свршија работата за два дена. Тој сврши со пазарот и се врати.
2. Постигне определен резултат од учење, школска подготовка, вид образование. Тој лани сврши гимназија. Тој не свршил богословија навреме, па се префрлил во друго училиште.
3. Стигне до својот крај. Распустот сврши и јас се вратив во интернатот. Играта сврши со општо смеење. Одевме, одевме, шумата сврши и се отвори едно поле пред нас.
4. Истроши нешто наполно, исцрпи. Татковите пари свршија. Брашното набрзо сврши.
5. Стави крај на животот. Тој лошо сврши, на улица без никој свој. Старецот сврши пред црквената порта една зимска ноќ.
6. (разг.) Доживее кулминација, врв при сексуален однос.
Конјугација: свршат.
Изведени зборови:
- свршување, глаг. им. ср.
- се ~ сврши, Се доведе нешто до крај; се заврши. Сè добро се сврши. Работата се сврши онака како што и се очекуваше.
- (се) свршува, глаг. (се) свршуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Сврши нашето ‒ готово е со нас и со нашето време.
Оригинални податоци:
сврши1, свршат св. 1. Изврши, изработи, доведе нешто до крај. Тие ја свршија работата за два дена. Тој сврши со пазарот и се врати. 2. Постигне определен резултат од учење, школска подготовка, вид образование. Тој лани сврши гимназија. Тој не свршил богословија навреме, па се префрлил во друго училиште. 3. Стигне до својот крај. Распустот сврши и јас се вратив во интернатот. Играта сврши со општо смеење. Одевме, одевме, шумата сврши и се отвори едно поле пред нас. 4. Истроши нешто наполно, исцрпи. Татковите пари свршија. Брашното набрзо сврши. 5. Стави крај на животот. Тој лошо сврши, на улица без никој свој. Старецот сврши пред црквената порта една зимска ноќ. 6. (разг.) Доживее кулминација, врв при сексуален однос. ● се ~ Се доведе нешто до крај; се заврши. Сè добро се сврши. Работата се сврши онака како што и се очекуваше. ◊ Сврши нашето ‒ готово е со нас и со нашето време. ‖ (се) свршува, (се) свршуваат ‖ глаг. им. свршување ср.