сврши 2
Значење на сврши:
Договори свршувачка, даде и прими согласност за стапување во брак. Тие ја свршиле ќерката за момчето што го сакала. Таткото ја свршил ќерката без нејзино знаење.Конјугација: свршат.
Изведени зборови:
- се ~ сврши, а) Се договори, даде согласност за свршувачка. Таа се свршила со некој банкарски службеник. б) Еден со друг. Двајцата млади и вљубени се свршија во октомври.
Оригинални податоци:
сврши2, свршат св. Договори свршувачка, даде и прими согласност за стапување во брак. Тие ја свршиле ќерката за момчето што го сакала. Таткото ја свршил ќерката без нејзино знаење. ● се ~ а) Се договори, даде согласност за свршувачка. Таа се свршила со некој банкарски службеник. б) Еден со друг. Двајцата млади и вљубени се свршија во октомври.