сврти
Значење на сврти:
1. Заврти, измени положба на нешто или на некого, дел од телото (глава, лице, поглед и сл.). Докторот го сврте пациентот кон светлото. Тој ја сврте главата и виде како на ритчето се собираа жени. Таа го сврте лицето кон него со израз на преколнување. Возачот нагло ја сврте колата и одвај успеа да не удри во ѕидот. Таа го сврте огледалото кон светлината.
2. Измени правец на движење. Тие свртија и се упатија накај управата. Тој сврте во уличката кон црквата. Џипот излезе од дворот и сврте по левата страна наспроти реката.
3. За улица, пруга, река ‒ скршне, скршнува. Улицата тука свртува во една блага угорнина. Пругата на крајот од градот остро свртува.
4. Насочи кон некого или кон нешто (пиштол, пушка и сл.) Војниците ги свртија пушките кон селаните.
5. Заврти лист, прелиста. Таа најпрвин сврти неколку страници од книгата, а потоа се задлабочи во читањето.
6. Измени тек на работа, дејство, процес. Другарите ја свртија работата на игра. Децата ја свртоа работата од играчка на плачка.
7. (прен.) За разговор, мисли и сл. ‒ пренесе на друга тема, предмет. Наеднаш таа го сврте разговорот за родниот град, за своите блиски и за сеќавања од детството. Овој писател го сврти вниманието со својата среденост, сериозност и зрелост.
Коњугација: (ќе) свртеа , (ќе) свртев , (ќе) свртел , свртат , сврте , свртен, свртете , сврти , свртија , свртил , свртоа и свртив , свртов .
Изведени зборови:
- свртување, глаг. им. ср.
- се ~ сврти, 1. Измени своја положба; се заврти. Тој бавно се сврте и тргна по скалите. Жената во шамија се сврти кон иконата и се помоли. Таа се сврте на другата страна и заспа. Автомобилот при запирањето на голомразицата се сврте за 180 степени. 2. Измени правец на движење. Колата се сврте и се врати назад. 3. а) Се насочи, се управи кон нешто или кон некого. Во последните години од животот таткото се сврте кон најмалиот син. б) Се упати кон некого со зборови. Тој не се збуни, туку му се сврте на дебарчанецот. Таа се сврте кон другарките: Доаѓате или не, јас одам. 4. Се измени, стане нешто друго. Жалоста се сврте на радост. Играта се сврте на плачка.
- (се) свртува, глаг. несв. (се) свртуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Сврти нов лист ‒ започне нешто ново, од почеток. Му го сврти умот ‒ го маѓепса, го занесе со нешто. Му го сврти грбот ‒ му откаже лојалност, поддршка. Не може пара да сврти ‒ многу троши.
Оригинални податоци:
сврти, свртат; сврти, свртете; свртов, сврте, свртоа и свртив, свртија; свртил; (ќе) свртев, (ќе) свртеа; (ќе) свртел; свртен св. 1. Заврти, измени положба на нешто или на некого, дел од телото (глава, лице, поглед и сл.). Докторот го сврте пациентот кон светлото. Тој ја сврте главата и виде како на ритчето се собираа жени. Таа го сврте лицето кон него со израз на преколнување. Возачот нагло ја сврте колата и одвај успеа да не удри во ѕидот. Таа го сврте огледалото кон светлината. 2. Измени правец на движење. Тие свртија и се упатија накај управата. Тој сврте во уличката кон црквата. Џипот излезе од дворот и сврте по левата страна наспроти реката. 3. За улица, пруга, река ‒ скршне, скршнува. Улицата тука свртува во една блага угорнина. Пругата на крајот од градот остро свртува. 4. Насочи кон некого или кон нешто (пиштол, пушка и сл.) Војниците ги свртија пушките кон селаните. 5. Заврти лист, прелиста. Таа најпрвин сврти неколку страници од книгата, а потоа се задлабочи во читањето. 6. Измени тек на работа, дејство, процес. Другарите ја свртија работата на игра. Децата ја свртоа работата од играчка на плачка. 7. (прен.) За разговор, мисли и сл. ‒ пренесе на друга тема, предмет. Наеднаш таа го сврте разговорот за родниот град, за своите блиски и за сеќавања од детството. Овој писател го сврти вниманието со својата среденост, сериозност и зрелост. ● се ~ 1. Измени своја положба; се заврти. Тој бавно се сврте и тргна по скалите. Жената во шамија се сврти кон иконата и се помоли. Таа се сврте на другата страна и заспа. Автомобилот при запирањето на голомразицата се сврте за 180 степени. 2. Измени правец на движење. Колата се сврте и се врати назад. 3. а) Се насочи, се управи кон нешто или кон некого. Во последните години од животот таткото се сврте кон најмалиот син. б) Се упати кон некого со зборови. Тој не се збуни, туку му се сврте на дебарчанецот. Таа се сврте кон другарките: Доаѓате или не, јас одам. 4. Се измени, стане нешто друго. Жалоста се сврте на радост. Играта се сврте на плачка. ◊ Сврти нов лист ‒ започне нешто ново, од почеток. Му го сврти умот ‒ го маѓепса, го занесе со нешто. Му го сврти грбот ‒ му откаже лојалност, поддршка. Не може пара да сврти ‒ многу троши. ‖ (се) свртува, (се) свртуваат несв. ‖ глаг. им. свртување ср.