сврзе
Значење на сврзе:
1. Поврзе, врзе еден крај со друг; врзе Брзо ги сврза двата краја од јажето што беа скинати. Работникот повторно ги сврза жиците и дупката на оградата беше затворена.
2. Собере на едно место, заврзе во нешто. Сите работи ги сврза во бовча.
3. За пат и други средства за врска: соедини, поврзе две месности. Мостот ги сврза двата брега.
4. (прен.) Воспостави врски со некого; создаде блиски, срдечни односи со некого. Таа го сврза момчето со другарите од кружокот. Судбината ги сврза во едно. Крвно сме сврзани.
5. (прен.) Спои, соедини како делови на една целина, даде смисла на нешто. Добро ја сврза теоријата со практиката.
6. Даде врска на телефон, радио и сл. Телефонистката конечно нè сврза со директорот.
Конјугација: (ќе) сврзеа , (ќе) сврзев , (ќе) сврзел, сврзаа , сврзав , сврзал , сврзан , сврзат , сврзете , сврзи .
Изведени зборови:
- сврзување, глаг. им. ср.
- се ~ сврзе, 1. Се соедини едно нешто со друго. Тие се сврзаа за навек пред гостите. Таа се сврза со момчето и ги напушти оние со кои беше до вчера. 2. Воспостави врски со некого. Тој лесно се сврза со комитетот. Тој се сврза со комитите и наскоро очекуваше и тој да замине.
- (се) сврзува, глаг. несв. (се) сврзуваат ◊ Едвај сврза (сврзува) крај со крај ‒ живее тешко, во немаштија.
Оригинални податоци:
сврзе, сврзат; сврзи, сврзете; сврзав, сврзаа; сврзал; сврзан; (ќе) сврзев, (ќе) сврзеа; (ќе) сврзел св. 1. Поврзе, врзе еден крај со друг; врзе 1. Брзо ги сврза двата краја од јажето што беа скинати. Работникот повторно ги сврза жиците и дупката на оградата беше затворена. 2. Собере на едно место, заврзе во нешто. Сите работи ги сврза во бовча. 3. За пат и други средства за врска: соедини, поврзе две месности. Мостот ги сврза двата брега. 4. (прен.) Воспостави врски со некого; создаде блиски, срдечни односи со некого. Таа го сврза момчето со другарите од кружокот. Судбината ги сврза во едно. Крвно сме сврзани. 5. (прен.) Спои, соедини како делови на една целина, даде смисла на нешто. Добро ја сврза теоријата со практиката. 6. Даде врска на телефон, радио и сл. Телефонистката конечно нè сврза со директорот. ● се ~ 1. Се соедини едно нешто со друго. Тие се сврзаа за навек пред гостите. Таа се сврза со момчето и ги напушти оние со кои беше до вчера. 2. Воспостави врски со некого. Тој лесно се сврза со комитетот. Тој се сврза со комитите и наскоро очекуваше и тој да замине. ‖ (се) сврзува, (се) сврзуваат несв. ◊ Едвај сврза (сврзува) крај со крај ‒ живее тешко, во немаштија. ‖ глаг. им. сврзување ср.