та 1

Сврзник

Значење на та:

1. За поврзување делови што се приредени и воспоставуваат составна врска меѓу себе, поврзувајќи дејства што се одвиваат последователно; да, па, и. Тој само врескаше та никој друг не прозборе. Таа си направила убав фустан та си го облекла веднаш. Детето си ги затвори очите та си заспа.

2. За поврзување зборови или дел-реченици каде што се развива однос на спротивставување и сопоставување. Тој не се појави та таа си отиде од местото. Тие не сакаа да веруваат во она што го гледаа та си заминаа дома. Тој не молчеше та им кажа на децата.

3. За изразување причинско-последични односи меѓу дејствата во дел-речениците. Таа беше силна та работеше од утро до мрак. Тој беше болен та ништо не сработи.

4. Во составот: та дури и да, за засилување на исказот. Нема да попуштам та дури и да ме молат.

5. Во состав со да: та да, за да се навести определена цел. Дојди кај мене та да пробаш што е добро вино. Погледни низ прозорецот та да видиш убавини.

6. За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен (дисјунктивен) сврзник, како алтернатива. Та збори та молчи, денот мина. Та седни та стани, никако место не го фаќаше. Та удолу та угоре, пак во место вртеше.Се занесовме во муабетот, та едно, та друго.

Оригинални податоци:

та1, сврз. 1. За поврзување делови што се приредени и воспоставуваат составна врска меѓу себе, поврзувајќи дејства што се одвиваат последователно; сп. да, па, и. Тој само врескаше та никој друг не прозборе. Таа си направила убав фустан та си го облекла веднаш. Детето си ги затвори очите та си заспа. 2. За поврзување зборови или дел-реченици каде што се развива однос на спротивставување и сопоставување. Тој не се појави та таа си отиде од местото. Тие не сакаа да веруваат во она што го гледаа та си заминаа дома. Тој не молчеше та им кажа на децата. 3. За изразување причинско-последични односи меѓу дејствата во дел-речениците. Таа беше силна та работеше од утро до мрак. Тој беше болен та ништо не сработи. 4. Во составот: та дури и да, за засилување на исказот. Нема да попуштам та дури и да ме молат. 5. Во состав со да: та да, за да се навести определена цел. Дојди кај мене та да пробаш што е добро вино. Погледни низ прозорецот та да видиш убавини. 6. За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен (дисјунктивен) сврзник, како алтернатива. Та збори та молчи, денот мина. Та седни та стани, никако место не го фаќаше. Та удолу та угоре, пак во место вртеше.Се занесовме во муабетот, та едно, та друго.