табак 1
Значење на табак:
а) Парче, лист хартија, обично поголем. Тој ги остави испишаните табаци на масата и излезе. б) Единица мерка за обемот или форматот на книга или весник, што се добива со превиткување на еден лист хартија, односно со бројот на употребени букви, знаци. Словослагачите подготвуваат по три печатарски табаци во седмицата.Множина: табаци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Авторски табак – шеснаесет страници во книга.
Оригинални податоци:
табак1, мн. табаци м. а) Парче, лист хартија, обично поголем. Тој ги остави испишаните табаци на масата и излезе. б) Единица мерка за обемот или форматот на книга или весник, што се добива со превиткување на еден лист хартија, односно со бројот на употребени букви, знаци. Словослагачите подготвуваат по три печатарски табаци во седмицата. ◊ Авторски табак – шеснаесет страници во книга.