табу
Значење на табу:
1. Кај некои народи – забрана што се става над некаков предмет, збор, над некакво дејство.
2. Однос спрема определени предмети, лица, места изграден врз ирационално засновано верување дека допирањето, повредувањето или свесно и рационално нивно актуализирање донесува несреќа и зло за поединецот и заедницата.
3. Забрана за јавно изнесување на некои ставови, мислења или дејства; нешто за што не смее јавно да се зборува.
Множина: табуа.
Членувана форма: табуто.
Изведени зборови:
- табуистички, прид. табуистичкиот Табуистички карактер.
Фразеолошки израз / поговорка:
табу-тема – нешто во што не смее да се гиба, за што не смее да се зборува.
Оригинални податоци:
табу, табуто мн. табуа ср. 1. Кај некои народи – забрана што се става над некаков предмет, збор, над некакво дејство. 2. Однос спрема определени предмети, лица, места изграден врз ирационално засновано верување дека допирањето, повредувањето или свесно и рационално нивно актуализирање донесува несреќа и зло за поединецот и заедницата. 3. Забрана за јавно изнесување на некои ставови, мислења или дејства; нешто за што не смее јавно да се зборува. ◊ табу-тема – нешто во што не смее да се гиба, за што не смее да се зборува. ‖ табуистички, табуистичкиот прид. Табуистички карактер.