таен
Значење на таен:
1. а) Што се чува како тајна, што е скриен, непознат. Таен влез. Тајна просторија. Таен обожавател. б) Што се одвива крушум, што не е за јавноста; што не им се соопштува на другите. Таен состанок. Тајни преговори. Тајна врска. Тајно гласање. в) Што не е познат, што дејствува кришум од власта, од јавноста. Тајна полиција. Таен агент. Тајна организација.
2. Што е таинствен, загадочен. Таен глас.
Членувана форма: тајниот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Таен јазик – јазик на еден социјален слој или на група луѓе неразбирлив за другите; арго.
Оригинални податоци:
таен, тајниот прид. 1. а) Што се чува како тајна, што е скриен, непознат. Таен влез. Тајна просторија. Таен обожавател. б) Што се одвива крушум, што не е за јавноста; што не им се соопштува на другите. Таен состанок. Тајни преговори. Тајна врска. Тајно гласање. в) Што не е познат, што дејствува кришум од власта, од јавноста. Тајна полиција. Таен агент. Тајна организација. 2. Што е таинствен, загадочен. Таен глас. ◊ Таен јазик – јазик на еден социјален слој или на група луѓе неразбирлив за другите; арго.