тајна

Именка, женски род

Значење на тајна:

1. а) Тоа што се таи, што се крие, нешто што не треба да се каже, што не смеат да го знаат другите. Таа не знае да чува тајна. Тие беа и пријатели кои си доверуваа тајни. Државна тајна. Воена тајна. б) Тоа што е непознато, неоткриено, необјаснето. Тајните на природата. Тајната на вселената. в) Тоа што е неопходно за совладување или достигнување на нешто. Која е тајната на неговиот успех.

2. Религиозен обред по којшто се добива божја милост; сакрамент. Света тајна.

Множина: тајни.

Изведени зборови:

  • тајност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Јавна тајна – тоа што е познато, што се знае иако не е формално, официјално обелоденето.

Оригинални податоци:

тајна, мн. тајни ж. 1. а) Тоа што се таи, што се крие, нешто што не треба да се каже, што не смеат да го знаат другите. Таа не знае да чува тајна. Тие беа и пријатели кои си доверуваа тајни. Државна тајна. Воена тајна. б) Тоа што е непознато, неоткриено, необјаснето. Тајните на природата. Тајната на вселената. в) Тоа што е неопходно за совладување или достигнување на нешто. Која е тајната на неговиот успех. 2. Религиозен обред по којшто се добива божја милост; сакрамент. Света тајна. ◊ Јавна тајна – тоа што е познато, што се знае иако не е формално, официјално обелоденето. ‖ тајност ж.