така 1

Прилог

Значење на така:

1. На тој начин, на таков начин, на еден определен начин. Оди по улица, сè така како да брза на работа. Тој сега ми кажа дека не е крив и дека така наредил воспитувачот. Тогаш сите така се облекувавме и чешлавме.

2. Во определена положба, состојба. Така беше дури не се вљуби еден ден.

3. За изразување на степен; толку, многу. Тоа не оди така лесно. Ја погледнав така молбено. Не беше тоа така одамна. Војниците беа така блиску што тој можеше да им ги види лицата.

4. При воведно претставување на некоја ситуација или околности во кои нешто се случува. Така, еднаш, неколцина борци зафатија разговор за селото. Така, на пример ги запознав и нив.

5. таков. А така ли е работата?

Фразеолошки израз / поговорка:

Исто така – на ист начин. И така и така – може и подобро, подносливо. И така чини и така чини – и вака и онака, како и да е. Така да се каже (рече) – би можело да се каже, просто кажано. Така те сакам – (разг.) добро рече (направи и сл.), така треба.

Оригинални податоци:

така1 прил. 1. На тој начин, на таков начин, на еден определен начин. Оди по улица, сè така како да брза на работа. Тој сега ми кажа дека не е крив и дека така наредил воспитувачот. Тогаш сите така се облекувавме и чешлавме. 2. Во определена положба, состојба. Така беше дури не се вљуби еден ден. 3. За изразување на степен; толку, многу. Тоа не оди така лесно. Ја погледнав така молбено. Не беше тоа така одамна. Војниците беа така блиску што тој можеше да им ги види лицата. 4. При воведно претставување на некоја ситуација или околности во кои нешто се случува. Така, еднаш, неколцина борци зафатија разговор за селото. Така, на пример ги запознав и нив. 5. сп. таков. А така ли е работата? ◊ Исто така – на ист начин. И така и така – може и подобро, подносливо. И така чини и така чини – и вака и онака, како и да е. Така да се каже (рече) – би можело да се каже, просто кажано. Така те сакам – (разг.) добро рече (направи и сл.), така треба.