така 2

Сврзник

Значење на така:

1. Во сврзнички спој на дистанција: како ...така и ... за да се искаже еднаков степен во нешто. Таа се застапуваше како за нив така и за нас. Сето ова е добро како за децата така и за родителите.

2. Заедно со што како сврзувачки збор, во составот така што за изразување причинско-последичен однос; што3. Таа нема да се јави, така што не треба да се загрижуваме. Кога пристигнавме, билетите беа продадени, така што не ја гледавме претставата.

3. Заедно со и: и така... за воведување во нова реченица како заклучок од претходно изнесеното. И така, сега треба да се почне од почеток. И така дојде крај на нашето дружење.

Оригинални податоци:

така2 сврз. 1. Во сврзнички спој на дистанција: како ...така и ... за да се искаже еднаков степен во нешто. Таа се застапуваше како за нив така и за нас. Сето ова е добро како за децата така и за родителите. 2. Заедно со што како сврзувачки збор, во составот така што за изразување причинско-последичен однос; сп. што3. Таа нема да се јави, така што не треба да се загрижуваме. Кога пристигнавме, билетите беа продадени, така што не ја гледавме претставата. 3. Заедно со и: и така... за воведување во нова реченица како заклучок од претходно изнесеното. И така, сега треба да се почне од почеток. И така дојде крај на нашето дружење.