така 3

Честица

Значење на така:

1. За изразување согласност и како потврда кон исказот. Така, сега сите сме на своето. Така е, имаш право – потврди тој.

2. За изразување неопределеност. Ете така, си прозборе без потреба. Ете така дојде само по себе.

3. За нагласување, потцртување на зборот со кој се сврзува. Јас си одам. – Како така?Ами јас сега дури почнувам. Ете така да знаеш. Така убава, а наивна.

4. Во составот и така натаму (итн.) при понатамошно набројување или искажување на тоа што се подразбира од кажаното.

Оригинални податоци:

така3 чест. 1. За изразување согласност и како потврда кон исказот. Така, сега сите сме на своето. Така е, имаш право – потврди тој. 2. За изразување неопределеност. Ете така, си прозборе без потреба. Ете така дојде само по себе. 3. За нагласување, потцртување на зборот со кој се сврзува. Јас си одам. – Како така?Ами јас сега дури почнувам. Ете така да знаеш. Така убава, а наивна. 4. Во составот и така натаму (итн.) при понатамошно набројување или искажување на тоа што се подразбира од кажаното.