Оригинални податоци:
таканаречен, таканаречениот прид. (скратеница т. н.) 1. Кога се истакнува дека некој поим, термин е преземен однекаде; кој се нарекува така. Во Македонија постои еден таканаречен такт на македонската седморка, а некои музиколози го викаат ритам на македонското оро. 2. Кога авторот или говорителот се оградуваат од именување на нешто со дадениот збор или израз. И што е смислата на неговата таканаречена тактика? 3. Кога зборот, терминот по своето значење не соодветствува на лицето или предметот што се именувани со тој збор или термин. Половината од овие та-канаречени културни еснафи и бакали влегоа со туркање во салата.