таков
Значење на таков:
1. Заменска придавка со која се укажува на особини, својства на некого или на нешто во споредба со друг познат или посочен поим во моментот на зборувањето. Таков избезумен, ја размести снагата, се поткрена на лактовите. Тој човек треба да биде таков што ќе знае да ја чува тајната. Постоја некое време таков, ничкосан во снегот. Имаше и такви што не беа толку решителни.
2. Од еден определен вид, од истиот вид. Таков каков што си не можеш овдека да останеш. Никој не ќе му поверува во една таква приказна. Такво беше времето. Таков е животот.
3. За потсилување, при покажување на повисок степен на својството на нешто; толку многу. Зошто толку одлагав, зошто покажав таква нерешителност на карактерот? Го мачеле со такви стравотни маки што никој од нас не може да ги истрпи.
4. За истакнување на позитивни или негативни својства на некого или нешто. Таква изведба! Извонредно! А на што се силиш ти толку, бре мрсулко таков? 5. Како им. (обично со негативна конотација) Секакви, лоши. На таквите секогаш им е добро кога на некој друг му е лошо.
Множина: такви.
Алтернативно: таква такво
Фразеолошки израз / поговорка:
Каков таков – каков било, секаков. Каков таткото таков и синот – какви се родителите, такви ќе им се децата.
Оригинални податоци:
таков, таква, такво, мн. такви прид. 1. Заменска придавка со која се укажува на особини, својства на некого или на нешто во споредба со друг познат или посочен поим во моментот на зборувањето. Таков избезумен, ја размести снагата, се поткрена на лактовите. Тој човек треба да биде таков што ќе знае да ја чува тајната. Постоја некое време таков, ничкосан во снегот. Имаше и такви што не беа толку решителни. 2. Од еден определен вид, од истиот вид. Таков каков што си не можеш овдека да останеш. Никој не ќе му поверува во една таква приказна. Такво беше времето. Таков е животот. 3. За потсилување, при покажување на повисок степен на својството на нешто; толку многу. Зошто толку одлагав, зошто покажав таква нерешителност на карактерот? Го мачеле со такви стравотни маки што никој од нас не може да ги истрпи. 4. За истакнување на позитивни или негативни својства на некого или нешто. Таква изведба! Извонредно! А на што се силиш ти толку, бре мрсулко таков? 5. Како им. (обично со негативна конотација) Секакви, лоши. На таквите секогаш им е добро кога на некој друг му е лошо. ◊ Каков таков – каков било, секаков. Каков таткото таков и синот – какви се родителите, такви ќе им се децата.