такт
Значење на такт:
1. (муз.) Основна ритмичка единица во музиката, танцот и сл.; метричка стапка. Мелодијата има седумосмински такт.
2. Рамномерно или ритмичко повторување на еднообразни последователни движења или дејства. Играа во тактот на валцерот. Тропкаше со нога, заслушана во некаков такт. Генералот под тактот на маршот што го свири оркестарот врши смотра.
3. Чувство за мерка во однесувањето, внимателен однос кон луѓето; тактичност. Неговиот недостиг на такт и неговото грубо однесување секогаш ѝ пречеле. Тој е човек со опитност, такт и разум.
4. (техн.) Една фаза од работата на некоја машина, уред, апарат. За време на вториот такт се врши ширење и издувување на согорените гасови во цилиндерот.
Множина: тактови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Извади некого од такт – вознемири, разлути некого.
Оригинални податоци:
такт, мн. тактови м. 1. (муз.) Основна ритмичка единица во музиката, танцот и сл.; метричка стапка. Мелодијата има седумосмински такт. 2. Рамномерно или ритмичко повторување на еднообразни последователни движења или дејства. Играа во тактот на валцерот. Тропкаше со нога, заслушана во некаков такт. Генералот под тактот на маршот што го свири оркестарот врши смотра. 3. Чувство за мерка во однесувањето, внимателен однос кон луѓето; тактичност. Неговиот недостиг на такт и неговото грубо однесување секогаш ѝ пречеле. Тој е човек со опитност, такт и разум. 4. (техн.) Една фаза од работата на некоја машина, уред, апарат. За време на вториот такт се врши ширење и издувување на согорените гасови во цилиндерот. ◊ Извади некого од такт – вознемири, разлути некого.