тактика
Значење на тактика:
1. (воен.) Теорија и вештина за организирање и водење воени дејства, метод и начин на војување. Дефанзивна тактика. Бригадата ја изучуваше тактиката на непријателот.
2. Метод и начин на дејствување; начин на остварување, постигнување на определена цел. Тренерот разви нова тактика на играње. Тие млади луѓе не ја менуваат тактиката на раководење со компанијата.
3. (прен.) Начин на однесување, такт во однесувањето; тактичност. Ова само ми потврдува дека тој има тактика, по која ниедно движење од вчера не го повторува и денес.
Множина: тактики.
Оригинални податоци:
тактика, мн. тактики ж. 1. (воен.) Теорија и вештина за организирање и водење воени дејства, метод и начин на војување. Дефанзивна тактика. Бригадата ја изучуваше тактиката на непријателот. 2. Метод и начин на дејствување; начин на остварување, постигнување на определена цел. Тренерот разви нова тактика на играње. Тие млади луѓе не ја менуваат тактиката на раководење со компанијата. 3. (прен.) Начин на однесување, такт во однесувањето; тактичност. Ова само ми потврдува дека тој има тактика, по која ниедно движење од вчера не го повторува и денес.