талка
Значење на талка:
1. Оди без цел од едно место до друго; скита. Неколку години талкаше по светот. До доцна во ноќта талкаат по улиците на градот.
2. (прен.) За очи, поглед – кружи наоколу, лута. Талкаше со очите по собата. Погледот ни талкаше по куќите.
Коњугација: талкаат.
Изведени зборови:
- талкање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
талка, талкаат несв. 1. Оди без цел од едно место до друго; скита. Неколку години талкаше по светот. До доцна во ноќта талкаат по улиците на градот. 2. (прен.) За очи, поглед – кружи наоколу, лута. Талкаше со очите по собата. Погледот ни талкаше по куќите. ‖ глаг. им. талкање ср.