талог

Именка, машки род

Значење на талог:

1. Густ слој што останува, што се изделува од течноста и се наталожува на дното или по ѕидовите од садови, јами, речно корито и сл. По вадењето талогот од виното се симнува со мека четка. Го испива кафето и сама си гледа во црниот талог. Реката остава талог од тиња.

2. (прен.) Тоа што останува од/по нешто, остатоци, трага. Во душата му се напласти некаков талог во кој беа измешани и јад и жал. Во грлото му стежна талогот на навредата.

3. (прен.) Луѓе од најнискиот, најлошиот слој на општеството. Талогот на човештвото. Околу мене само талогот на градот го завршуваше долгиот ден.

4. Вода што во цврста или течна состојба паѓа од атмосферата на земјата; врнеж. За успешно одгледување на оваа култура е потребен 600 – 800 мл. годишен талог. Атмосферски талози.

Множина: талози.

Оригинални податоци:

талог, мн. талози м. 1. Густ слој што останува, што се изделува од течноста и се наталожува на дното или по ѕидовите од садови, јами, речно корито и сл. По вадењето талогот од виното се симнува со мека четка. Го испива кафето и сама си гледа во црниот талог. Реката остава талог од тиња. 2. (прен.) Тоа што останува од/по нешто, остатоци, трага. Во душата му се напласти некаков талог во кој беа измешани и јад и жал. Во грлото му стежна талогот на навредата. 3. (прен.) Луѓе од најнискиот, најлошиот слој на општеството. Талогот на човештвото. Околу мене само талогот на градот го завршуваше долгиот ден. 4. Вода што во цврста или течна состојба паѓа од атмосферата на земјата; врнеж. За успешно одгледување на оваа култура е потребен 600 – 800 мл. годишен талог. Атмосферски талози.