таложи

Глагол, несвршен

Значење на таложи:

1. За вода – создава талог; наталожува. Реката таложи тиња.

2. (прен.) Постепено собира, натрупува. Општеството таложеше во луѓето здрави и болни мисли.

Коњугација: таложат.

Изведени зборови:

  • се ~ таложи, 1. Се одвојува од течноста и паѓа на дното во вид на талог, образува талог. Сите нечистотии се таложат на дното од садот. 2. (прен.) Постепено се насобере, се натрупа нешто. Во нивните срца се таложеше љубопитност.
  • таложење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

таложи, таложат несв. 1. За вода – создава талог; наталожува. Реката таложи тиња. 2. (прен.) Постепено собира, натрупува. Општеството таложеше во луѓето здрави и болни мисли. ● се ~ 1. Се одвојува од течноста и паѓа на дното во вид на талог, образува талог. Сите нечистотии се таложат на дното од садот. 2. (прен.) Постепено се насобере, се натрупа нешто. Во нивните срца се таложеше љубопитност. ‖ глаг. им. таложење ср.