тамам

Прилог

Разговорен збор, израз.

Значење на тамам:

1. Токму, точно по мера, по големина. Чевлите ми се тамам.

2. За истакнување на временска блискост – во моментот кога, баш, токму, точно. Тамам го стави млекото, заѕвони телефонот. Таман дојде навреме. И таман се спремаа да станат, се појави тој.

3. За споредување на еднакви или многу слични нешта; за истакнување дека нешто е точно погодено или дека сосема одговара некому. Тие тамам си се врст.

4. Како чест. Уште плачете? Е,е, е, тамам...

Алтернативно: таман

Фразеолошки израз / поговорка:

Тамам работа – никако.

Оригинални податоци:

тамам и таман прил. (разг.) 1. Токму, точно по мера, по големина. Чевлите ми се тамам. 2. За истакнување на временска блискост – во моментот кога, баш, токму, точно. Тамам го стави млекото, заѕвони телефонот. Таман дојде навреме. И таман се спремаа да станат, се појави тој. 3. За споредување на еднакви или многу слични нешта; за истакнување дека нешто е точно погодено или дека сосема одговара некому. Тие тамам си се врст. 4. Како чест. Уште плачете? Е,е, е, тамам... ◊ Тамам работа – никако.