таму

Прилог

Значење на таму:

1. На едно определено место, на тоа место за коешто се зборува. Полека, пипајќи, оди до прозорецот и таму застанува. Таму во градот, играте ли карти? Таму се најдовме, на автобуската станица.

2. На местото каде што се наоѓа лицето на кое му се обраќа. Еј вие таму, ме слушате ли! 3. Во тој правец, во таа насока, на таа страна. Дечињата, со санките на рамо, се упатија исто така таму. Сите ги свртеа главите таму. Одат тие, а панталоните им пафтаа ту ваму, ту таму. 4. За приближно определување на време или место, околу. А таму некаде угоре во шумата, некој оптегнато пееше. Го ставив некаде таму до вратата. Се врати таму некаде околу полноќ.

3. Во таа работа, во тие околности. Ќе ти помагам таму каде што ќе можам.

4. Како чест. За изразување на неопределеност, незаинтересираност, омаловажување. Ау, мораше да се омажиш таму за некој си полковник! Купи таму нешто, што било.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ваму-таму – ту во еден, ту во друг правец. Ни ваму ни таму – без излез, без решение.

Оригинални податоци:

таму прил. 1. На едно определено место, на тоа место за коешто се зборува. Полека, пипајќи, оди до прозорецот и таму застанува. Таму во градот, играте ли карти? Таму се најдовме, на автобуската станица. 2. На местото каде што се наоѓа лицето на кое му се обраќа. Еј вие таму, ме слушате ли! 3. Во тој правец, во таа насока, на таа страна. Дечињата, со санките на рамо, се упатија исто така таму. Сите ги свртеа главите таму. Одат тие, а панталоните им пафтаа ту ваму, ту таму. 4. За приближно определување на време или место, околу. А таму некаде угоре во шумата, некој оптегнато пееше. Го ставив некаде таму до вратата. Се врати таму некаде околу полноќ. 5. Во таа работа, во тие околности. Ќе ти помагам таму каде што ќе можам. 6. Како чест. За изразување на неопределеност, незаинтересираност, омаловажување. Ау, мораше да се омажиш таму за некој си полковник! Купи таму нешто, што било. ◊ Ваму-таму – ту во еден, ту во друг правец. Ни ваму ни таму – без излез, без решение.