танц

Именка, машки род

Значење на танц:

1. Изведба на различни фигури со ритмичко движење на телото како дел од уметноста. Историја на танцот.

2. а) Римичко движење на телото, низа од ритмички чекори според тактот на музиката; музика во ритам на тие движења. Модерни танци. Танц во двојки. Латиноамерикански танци. б) Забава на која се изведуваат такви движења; игранка. Вечерта излегоа на танц.

Множина: танци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ритуални танци – движење на телото како дел од ритуален обред.

Оригинални податоци:

танц, мн. танци м. 1. Изведба на различни фигури со ритмичко движење на телото како дел од уметноста. Историја на танцот. 2. а) Римичко движење на телото, низа од ритмички чекори според тактот на музиката; музика во ритам на тие движења. Модерни танци. Танц во двојки. Латиноамерикански танци. б) Забава на која се изведуваат такви движења; игранка. Вечерта излегоа на танц. ◊ Ритуални танци – движење на телото како дел од ритуален обред.