танчи

Глагол, несвршен

Значење на танчи:

1. Прави танок, истанчува. Тој го танчи сечилото.

2. (прен.) Навлегува во детали, ситничари. Многу ја танчиш работава.

Коњугација: танчат.

Изведени зборови:

  • се ~ танчи, Станува потанок, се истанчува; исчезнува, се намалува, се губи. Водата во воденицата почна да се танчи.
  • танчење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Правината се танчи, ама не се кине. (посл.)

Оригинални податоци:

танчи, танчат несв. 1. Прави танок, истанчува. Тој го танчи сечилото. 2. (прен.) Навлегува во детали, ситничари. Многу ја танчиш работава. ● се ~ Станува потанок, се истанчува; исчезнува, се намалува, се губи. Водата во воденицата почна да се танчи. ◊ Правината се танчи, ама не се кине. (посл.) ‖ глаг. им. танчење ср.