танко
Значење на танко:
1. Во танок слој, со помала дебелина. Парчињата леб ги исече танко. Танко намачка мармалад на палачинката и ја свитка.
2. Подробно, детално. Тој му објасни сè потанко.
3. Со висок тон, пискливо. Песот жално и танко квичеше до бунарот.
4. (нар. поез.) Полека, кроце. Танко Тоде коњи тера.
Оригинални податоци:
танко прил. 1. Во танок слој, со помала дебелина. Парчињата леб ги исече танко. Танко намачка мармалад на палачинката и ја свитка. 2. Подробно, детално. Тој му објасни сè потанко. 3. Со висок тон, пискливо. Песот жално и танко квичеше до бунарот. 4. (нар. поез.) Полека, кроце. Танко Тоде коњи тера.