танок
Значење на танок:
1. Што е со мала дебелина, што е со мал напречен пресек. Танка хартија. Танко платно. Танка жица. Танка линија. Танок врат. Танки прсти. Танок клун.
2. Што не е густ, проѕирен. Танки облаци. Танка магла. Танок чад. Танка пајажина.
3. Што содржи помал процент на алкохол; што содржи помалку маснотија; што не е густ, што е разреден, разводнет. Танка ракија. Танок шприцер. Танко млеко. Танка чорба.
4. За човек – што е висок и слаб; виток. Танка става.
5. Што е со висок тон, писклив. Танко гласче. Танко липање. Танок писок.
6. (прен.) Што е истанчен, чувствителен, профинет. Танок поетски усет.
7. (прен.) Што е мал, одвај забележлив. Танка разлика.
8. Што е подробен, детален. Раскажуваше во најтанки детали.
9. Што е мал по количина или вредност, сиромашен, оскуден. Јадеа танка вечера.
Членувана форма: танкиот.
Изведени зборови:
- танкост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Овде сум најтанок (покажувајќи на вратот) пресечи ме – за докажување на вистинитоста на исказот. Каде е танко – таму се кине. (посл.)
Оригинални податоци:
танок, танкиот прид. 1. Што е со мала дебелина, што е со мал напречен пресек. Танка хартија. Танко платно. Танка жица. Танка линија. Танок врат. Танки прсти. Танок клун. 2. Што не е густ, проѕирен. Танки облаци. Танка магла. Танок чад. Танка пајажина. 3. Што содржи помал процент на алкохол; што содржи помалку маснотија; што не е густ, што е разреден, разводнет. Танка ракија. Танок шприцер. Танко млеко. Танка чорба. 4. За човек – што е висок и слаб; виток. Танка става. 5. Што е со висок тон, писклив. Танко гласче. Танко липање. Танок писок. 6. (прен.) Што е истанчен, чувствителен, профинет. Танок поетски усет. 7. (прен.) Што е мал, одвај забележлив. Танка разлика. 8. Што е подробен, детален. Раскажуваше во најтанки детали. 9. Што е мал по количина или вредност, сиромашен, оскуден. Јадеа танка вечера. ◊ Овде сум најтанок (покажувајќи на вратот) пресечи ме – за докажување на вистинитоста на исказот. Каде е танко – таму се кине. (посл.) ‖ танкост ж.