тап
Значење на тап:
1. Што не е остар, што не сече добро. Тап нож. Тап брич.
2. Што не е со остар врв, што не е шилест, што е со заоблен врв. Тап молив. Тапи карпи. Тап предмет.
3. (прен.) За звук – што е придушен, нејасен. Тап звук. Тапи чекори се одзваа во ходникот. Се слушаа тапи удари од градилиштето.
4. (прен.) За болка – што тишти, притиска, што е непријатен. Почувствува тапа болка што не стивнуваше.
5. Што не е доволно развиен, што е неосетлив на звуци. Тап слух.
6. (прен.) Што е умствено огра-ничен, што тешко сфаќа, глупав. Тап човек.
7. (прен.) За израз на лице, поглед, очи – што е безизразен, празен. Видов една старица со тапи, безизразни и тажни очи. Ја гледаше со тап поглед.
8. (прен.) Што е бесчуствителен, рамнодушен, апатичен. Се чувствуваше празен, тап и збунет. Таа му одговори со блага, тапа насмевка.
Членувана форма: тапиот.
Изведени зборови:
- тапо, прил. Тој тапо гледаше во неа. Тапо одекнуваа ударите на дајрето.
- тапост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тап агол – (мат.) агол што е поголем од 90, а помал од 180 степени.
Оригинални податоци:
тап, тапиот прид. 1. Што не е остар, што не сече добро. Тап нож. Тап брич. 2. Што не е со остар врв, што не е шилест, што е со заоблен врв. Тап молив. Тапи карпи. Тап предмет. 3. (прен.) За звук – што е придушен, нејасен. Тап звук. Тапи чекори се одзваа во ходникот. Се слушаа тапи удари од градилиштето. 4. (прен.) За болка – што тишти, притиска, што е непријатен. Почувствува тапа болка што не стивнуваше. 5. Што не е доволно развиен, што е неосетлив на звуци. Тап слух. 6. (прен.) Што е умствено огра-ничен, што тешко сфаќа, глупав. Тап човек. 7. (прен.) За израз на лице, поглед, очи – што е безизразен, празен. Видов една старица со тапи, безизразни и тажни очи. Ја гледаше со тап поглед. 8. (прен.) Што е бесчуствителен, рамнодушен, апатичен. Се чувствуваше празен, тап и збунет. Таа му одговори со блага, тапа насмевка. ◊ Тап агол – (мат.) агол што е поголем од 90, а помал од 180 степени. ‖ тапо прил. Тој тапо гледаше во неа. Тапо одекнуваа ударите на дајрето. ‖ тапост ж.