тапан
Значење на тапан:
Ударен музички инструмент во форма на голем шуплив цилиндар со оптегната кожа на едната или на двете страни; барабан. Цела ноќ удираа тапани и свиреа зурли.Множина: тапани.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кога ќе се фати сиромавиот на оро, ќе се скине тапанот – кога сиромав ќе почне некоја работа, излегуваат многу проблеми и работата се расипува. Кај зетот тапан бие, кај невестата абер немаат. (посл.)
Оригинални податоци:
тапан, мн. тапани м. Ударен музички инструмент во форма на голем шуплив цилиндар со оптегната кожа на едната или на двете страни; барабан. Цела ноќ удираа тапани и свиреа зурли. ‖ Кога ќе се фати сиромавиот на оро, ќе се скине тапанот – кога сиромав ќе почне некоја работа, излегуваат многу проблеми и работата се расипува. Кај зетот тапан бие, кај невестата абер немаат. (посл.)