тапка

Глагол, несвршен

Значење на тапка:

1. а) Се движи, чекори со лесен и ситен чекор произведувајќи тап звук. Во ходникот тапкаа чекори. Со бавен чекор тој тапка по патот. б) Гази, удира со нозете на исто место, на ограничен простор. Тапкаше со нозете и ухаше во прстите за да се згрее. в) Израмни, набие нешто со газење, со притискање. Нивните нозе ја тапкаа земјата. г) Израмни нешто удирајќи, притискајќи со рацете. Таа ја тапкаше глината со рацете.

2. Удира со дланка по рамо, по грб во знак на срдечност, милување. Силно го гушка и го тапка по грбот.

3. (прен.) Тера некого сосила да јаде кога не е гладен. Постојано го тапка со храна.

Коњугација: тапкаат.

Изведени зборови:

  • се ~ тапка, Се жали, се јадосува. Што да правиме? – се тапкаа тие. 2. (прен.) Јаде многу, јаде лакомо.
  • тапкање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тапка во место – не напредува, не се развива.

Оригинални податоци:

тапка, тапкаат несв. 1. а) Се движи, чекори со лесен и ситен чекор произведувајќи тап звук. Во ходникот тапкаа чекори. Со бавен чекор тој тапка по патот. б) Гази, удира со нозете на исто место, на ограничен простор. Тапкаше со нозете и ухаше во прстите за да се згрее. в) Израмни, набие нешто со газење, со притискање. Нивните нозе ја тапкаа земјата. г) Израмни нешто удирајќи, притискајќи со рацете. Таа ја тапкаше глината со рацете. 2. Удира со дланка по рамо, по грб во знак на срдечност, милување. Силно го гушка и го тапка по грбот. 3. (прен.) Тера некого сосила да јаде кога не е гладен. Постојано го тапка со храна. ● се ~ Се жали, се јадосува. Што да правиме? – се тапкаа тие. 2. (прен.) Јаде многу, јаде лакомо. ◊ Тапка во место – не напредува, не се развива. ‖ глаг. им. тапкање ср.